ДОКТОР ОД БИТОЛА И ИЗВАДИЛ ЖОЛЧКА НА ПАЦИЕНТКА И И ПОБАРАЛ 150 ЕВРА

0
525

Познат долгогодишен хирург и началник на одделение во битолската болница фатен со мито.Побарал 150 евра од пациент после извршена операција по што вчера е приведен од полицијата.Основното јавно обвинителство од Битола му поднесе кривична пријава на 64 годишниот доктор М.С а побаран е и притвор поради опасност од бегство.

,,Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот М.С на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор-хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница ‘Д-р Трифун Пановски’ во Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот ден во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите кои биле обележани“велат од ОЈО.

Менаџментот на болницата пак веќе поведе постапка за смена и суспензија на докторот.

,,Ги охрабруваме истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во Болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи”- велат од болницата.

Инаку ова не е прв ваков случај во оваа болница. Пред скоро една година онколошки пациент го пријави својот доктор онколог дека и барал 350 евра мито за да и даде хемотерапија.