ДУИ: Нема да коментираме за Груби – тој веќе не е дел од ДУИ

0
440

Чист сум како солза“ рече Артан Груби и се даде во бегство. Првичните информации беа дека е во Косово, како и што рече и самиот Груби, но неговиот некогашен сопартиец Изет Меџити синоќа изјавил дека Груби веќе не е на Косово, туку е во Албанија. Според Меџити, Груби со самото бегство ја докажува вината.

„Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата. Должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата, Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа“. – изјавил Меџити.

ОД Дуи не ги коментираат наводите на Меџити. Од партијата на Ахмети велат дека Дуи нема да коментира за тоа зашто Артан Груби веќе не е дел од Дуи.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ се виновни што Груби неказнето крадел, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира. СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе.

тв 24