ДУИ СО ПОЗДРАВ ДО Влен: „Се обединија за да пропаднат“

0
58

Влен се обедини за да пропадне. Избраа двајца кормилари да го управуваат истиот брод кој веќе забрзано тоне. Вака опозициската партија ДУИ реагираа на вчерашниот конгрес за спојување на Вреди во една партија која ќе има двајца претседатели, Билал Касами и Изет Меџити.

Во реакцијата велат дека новиот модел не е обединување туку обид политичките субјекти да се сокријат зад едно име. Од партијата обвинуваат и дека Вреди иако е две години дел од васта сепак не ги исполниле ветувањата со кои настапувале пред гласачите.

ДУИ

– Албанците не заслужуваат политички експерименти. Вчерашниот ден треба да остане запаметен само како почеток на крајот на еден политички блок кој ја жртвуваше иднината на сопствениот народ за да ги зачува фотелјите. Коалицијата ВЛЕН се соочува со вистински кадровски дебакл. Додека одвнатре се распаѓаат, продолжуваат да испраќаат лажни пораки за „нула корупција“, додека реалноста ги демантира на секој чекор. Не може да се бори против корупцијата партија создадена вештачки, кога самата ја практикува во дело.