Евроамбасадорот Рокас шокиран од депонијата во Струга:

0
12

и непосредна закана за Охридското Езеро, реката Црн Дрим и локалното население, а нејзиното дислоцирање бара итни мерки. Ова е клучниот заклучок по денешната посета на локацијата од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас и струшкиот градоначалник Менди Ќура.

Евроамбасадорот Рокас не ја криеше својата загриженост од состојбата на теренот, нагласувајќи дека реалноста е многу полоша од она што го очекувал, објави 4news.mk

„Шокиран сум од големината на проблемот. Знаев дека депонијата не ги исполнува стандардите, но да се види дека е лоцирана на само неколку стотини метри од куќите, во непосредна близина на реката, водоснабдувањето и езерото, навистина е обесхрабрувачки. Како Европска Унија, ние поддржуваме долгорочно решение преку регионалниот центар за отпад во Новаци, но таму има доцнења, а Струга нема време за чекање“, изјави Рокас, ветувајќи дека веднаш ќе ги иницира овие разговори со централните власти.