Експлодирал електричен бојлер, тешко е повредена 42-годишна жена

0
530

На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово.