Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

0
256

Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, е осомничен во случајот „Синџир“, за кого постапката беше прекината бидејќи е во бегство

Осомничениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов-Ѓаволот е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор, дознава „360 степени”. Стафа, кој вчеравечер беше уапсен за примање поткуп во периодот од октомври до 13 декември годинава, во кој добил 50 000 евра од сестрата на Пецов, требало да посредува и да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје.