Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани

0
289

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце, објави Метеоаларм.

Особено повеќе врнежи може да очекуваме во почетокот, како и во втората половина од есента.

Со оглед на тоа дека на Пацификот значително зајакна Ла Ниња (Ладниот Климатолошки феномен) и токму ова ќе трае во текот на оваа есен како и во зимските месеци, треба да очекуваме почести ладни продори од север, особено во втората половина од есента, а повремени ладни продори ќе имаме по се изгледа и во првата половина од есента. Со ова треба да очекуваме дека снегот оваа година може да ни присатигне порано, и тоа уште во ноември месец и во пониските предели, додека на планините снегот треба да го очекуваме уште во октомври месец.