Жена загина, а двајца луѓе се тешко повредени на автопатот Тетово-Гостивар, се судриле со „Мерцедес“ возен од тинејџер

0
642

Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу клучката кај селото Неготино, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и „Мерцедес“ кој го возел 19-годишниот А.А од Гостивар.

Во незгодата, на самото место на повредите им подлегнала сопатничката од „Пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид, информираат од МВР.

Сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.

Увид на местото врши екипа на полицијата, заедно со јавен обвинител.