Загина маж во Хрватска врз неговото возило се урна карпа на патот над Дубровник

0
244

Изутринава 30 минути по седум часот на хрватскиот државен пат Д-8, над градот Дубровник, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина еден маж, објави Index.hr.

Според неофицијални информации, голема карпа паднала врз комбе со дубровнички регистарски таблички, кое се движело од Жупа кон Дубровник. По ударот од карпата возилото се превртело на покрив.