Во неделата пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ избеганиот Никола Груевски ги засили нападите врз Зоран Заев и Венко Филипче обвинувајќи ги дека биле дволични (и дома и надвор), што предизвика реакција на Заев. Поранешниот лидер на СДСМ го обвини Груевски дека од бегството во Унгарија дели задачи во македонската политика, наместо да ја одлежи затворската казна. Во објавата на Фејсбук, Заев, меѓу другото, вели.
Тебе навистина ти е досадно, нели?! Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе. Овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Можеше да ја одлежиш казната, тоа малку што ти го дадоа, бидејќи да бев јас некој друг и да се мешав во правосудството, ти ќе добиеше многу повеќе. Но, јас не сум како тебе и твоите, јас сепак се борев за слободна и демократска Македонија.
Да ја одлежеше тогаш казната и да покажеше достоинство кон народот на Македонија, денес ќе можеше од тука, од Македонија, да зборуваш пред нашата јавност, наместо од бегство да пишуваш епопеи за кои тука се тера мајтап дека никој не може и не сака да ти ги дочита до крај









