Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март, договориле уставните судии на денешниот работен состанок на кој се утврдени и спорните прашања од законот, како и листата на експерти, професори и судии коишто ќе приссуствуваат на седницата, вели уставниот судија Осман Кадриу во изјава за Слободен печат“
Според Кадриу и на подготвителната седница за законот за јазиците се очекува да учествуваат сите девет судии на Уставниот суд, откако претходно тројцата судии ја бојкотираа седницата на Уставен за Законот за јазиците.









