Закани и дипломатија: САД бараат излез од војната со Иран

0
41

Американската влада му се закани на Иран со уште поостри напади доколку раководството на земјата не попушти. „Ако не сфатат дека воено се поразени и дека ќе продолжат да бидат поразувани, претседателот (Доналд) Трамп ќе се погрижи да бидат погодени потешко од кога било досега“, изјави портпаролката на владата Каролин Левит. Иако и понатаму има „продуктивни“ разговори на дипломатско ниво, Трамп, според Левит, е подготвен да предизвика „пекол во Иран“.

Примирје во соло режија?
Според медиумски извештаи, Израел смета дека Трамп би можел уште во текот на претстојниот викенд самостојно да објави примирје со Иран. Израелската телевизија Н12 како можен датум ја наведе сабота, а порталот „ynet” смета дека е тоа можно да се случи најдоцна до средината на следната недела.

Изјавите на портпаролката Левит би можеле да ги поттикнат ваквите шпекулации, иако американската влада од почетокот на војната постојано ги истакнува сопствените успеси. Таа во средата (25.03) изјави дека САД се „многу блиску“ до постигнување на клучните цели на воената операција, и тоа порано од планираното. Првично, владата претпоставуваше дека ќе бидат потребни четири до шест недели за исполнување на мисијата во Иран. САД и Израел ги започнаа своите напади на 28 февруари.

Раководството во Техеран сега ја има шансата да соработува со Трамп, рече Левит. Тоа вклучува откажување од нуклеарната програма и престанок со заканите кон САД и нивните сојузници