За две недели 21 кривична пријава за семејно насилство, пет за родово базирано насилство

0
203

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последните две недели поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, при што шест пријави биле поднесени по брза постапка.

На подрачјето на СВР Скопје, според соопштението, поднесени се и пет кривични пријави за родово базирано насилство. Од нив, три се однесуваат на делото „загрозување на сигурноста“, а две на кривичното дело „демнење“.