За непотребните операции на срце, Обвинителството ја чека документацијата за да преземе нешто ако е потребно

0
152

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, вечерва во интервју за ТВ Сител се осврна на два актуелни случаи, истакнувајќи дека Обвинителството во случајот со наводите за непотребни операции на срце сè уште ги чека официјалните документи, додека истрагата за злоупотребите во Платежната агенција мора да се води брзо поради притворените лица.

Во однос на случајот со наводите за извршени непотребни операции на срце на пациенти, обвинителот Коцевски изјави дека Обвинителството сè уште нема посебни информации освен оние што се објавуваат во медиумите.

„Чекаме одлука од Комисијата за тој случај и таа да ни достави документација за евентуално да постапиме и да дадеме одредени упатства за преземање дејствија“,рече Коцевски.

За истрагата за злоупотреби во Платежната агенција за земјоделство, Коцевски посочи дека сè уште не е познато дали ќе има проширување на бројот на осомничени.

Во моментов, рече тој, се истражуваат телефоните на осомничените, од кои неколкумина се во притвор, а едно лице е во домашен притвор.

„Постапката мора да биде брза имајќи предвид дека се работи за притворенички предмет. Но, сè зависи од добивање на доказите, односно обезбедување цврсти и сигурни докази“,
додаде државниот јавен обвинител.