Земјотрес утрово во Македонија

0
449

Слаб земјотрес со интензитет од 2 стапени според Рихтер е регистриран рано утрово во 1:23 часот во западниот дел на државата, поточно во околината на Кичево, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, епицентарот е лоциран на 15 километри од југозападно од Кичево.

Засега не се пријавени материјални штети или други последици од земјотресот.

Потресот го регистрирал и Институтот за геолошки науки во Тирана, според чии информации, епицентарот е во Општина Дебрца.