Изборниот закон е добар , имам чувство дека ќе се постигне консензус

0
41

Изборниот законик е добар, добиена е позитивна оценка од Европската комисија и ОДИХР, вели евроамбасадорот Рокас. Тој побара за ова важно прашање, партиите да ги надминат несогласувањата и да постигнат консензус.

Премиерот Мицкоски со нов повик до опозицијата за средба на која заеднички би се надминале несогласувањата за електронското гласање на дијаспората. Според првиот човек на Владата, главна причина за блокирањето на Изборниот законик е страв на опозициските партии од нов изборен пораз.

Социјалдемократите го обвинуваат премиерот дека лаже за Изборниот законик. Од партијата појаснуваат дека и сега дијаспората има право на глас и оти целта на власта е изборен грабеж.

Целта на Мицкоски е изборен грабеж и злоупотреба на 200.000 гласа затоа што поддршката од граѓаните му падна и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со „електронско гласање“ од надвор. А сите знаеме како ВМРО ги крадеше изборите.

Левица и СДСМ го блокираа носењето на изборниот законик со 13.500 амандмани. Најголемиот отпор е за електронското гласање на дијаспората и изборното финансирање. објавува Журнал.мк