ИЗЛЕЗИ ВЕНКО НА ТВ-ДУЕЛ СО МЕНЕ, ВИКНИ ГО И ЗАЕВ НАПОМОШ“ Димитриевски бара да ги соочи аргументите со Филипче

0
159

Во овие денови добивам стотици пораки од наши членови и поддржувачи, луѓе кои се повикуваат на разговори, на „предупредувања“, на притисоци, и сето тоа под директива на Венко Филипче и сегашното раководство на СДСМ, рече денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитреивски.

– Наместо визија, тие нудат страв. Наместо идеи – уцени. Наместо дебата – хајка. Но, јас ви ветувам и оттука јасно ви порачувам, овие тактики ќе ве поразат, но нема да ја поразат Македонија. Нема да успеете! ЗНАМ не се плаши. Нашите членови не се плашат. Македонија нема да се плаши!

Секој обид за заплашување само ја зајакнува нашата борба. А тоа е Вашиот страв, затоа што знаете дека народот повеќе не ви верува, дека ЗНАМ расте, а вашиот систем се распаѓа – рече Димитриевски.

Пред една недела го повикав лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ТВ-дуел, не заради мене, не заради партија, туку заради Македонија, додаде Димитриевски.

– Да ги соочиме аргументите, да зборуваме отворено, пред народот, за она што ни е најсвето – нашата држава, нашиот идентитет, нашата иднина. Седум дена поминаа од тогаш. Седум дена молк. Седум дена тишина – таму каде што требаше да има храброст. И тоа кажува сè. Затоа што, кога ќе молчиш за вистината – молчиш и за Македонија. А ние, во Движењето ЗНАМ, нема да молчиме. Нашата должност е да зборуваме, да предупредуваме и да браниме – рече тој.

Пред извесен период, пред сите политички партии во државата, ја претставивме Националната платформа за заштита на македонските национални интереси, потенцира Димитриевски.

– Во неа не ставивме партиски интереси, туку историја, чест и иднина. Крушевскиот манифест, АСНОМ, нашата вековна борба за држава и за јазик – тоа се темелите на Македонија што ја сакаме. Таа платформа ја испративме со почит, со надеж дека ќе биде почитувана. Но, господата од СДСМ ни ја вратија – неотворена. Не ја прочитаа. Не ја допреа. Не ја почувствуваа. И истите тие се дрзнуваат зборуваат за „црвени линии“. А линиите што тие ги влечат – се линии на поделби, на отстапки, на целосно распродавање на македонските интереси – рече претседателот на ЗНАМ.