Општина Аеродром изрече парична глоба од 1.000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна чистота, односно, за валкани камиони во сообраќајот, кои излегле неизмени од градилиштата.
„Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со што директно се нарушува чистотата на животната средина и се прекршуваат законските одредби. Општина Аеродром потсетува дека ваквите прекршоци се недозволиви и дека ќе се санкционираат строго и без исклучок“, соопшти локалната самоуправа.









