Касами: Не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот

0
253

Не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот – ова е ставот но и пакетот за кој Вреди ќе разговара со Христијан Мицкоски. Ова денеска во изјава за медиумите го изнесе и Биљал Касами кој додаде дека како што рече ова биле европски вредности во кои влегува и унапредувањето на албанскиот јазик.

– Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. „Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“. – Касами.