Советот од 2022 година. Сето ова е во извештајот. Тој потврдува дека ова е основата на европската интеграција.Ние, 17-те бугарски европратеници потпишавме писмо во кое го поставуваме токму ова прашање – како е можно премиерот на земја што е предмет на проценка да има комуникација во реално време или да знае за работи што се случуваат „во кујната“ во врска со овој извештај.
Претседателот на Комисијата (за надворешна политика на ЕП) го бранеше Томас Вајц и рече дека не можеме да прекоруваме или напаѓаме некого без да знаеме и без да имаме конкретни докази – а јас нема да направам такво нешто. Но, во врска со Комисијата, исто така слушнав – немам конкретни докази – дека ова е еден вид пакет во кој Скопје добива некаква „бомбона“ или, на англиски, спасување на образот. Мицкоски ја искористи темата во изборната кампања за да ја критикува и сурово напаѓа претходната влада – прво на Зоран Заев, потоа на Димитар Ковачевски – и цело време да вели: Тие се предавници, јас сум бранител на македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Ова многу потсетува на тој брутален закон по 1944 година за одбрана на македонската чест, каде што секој што вели дека е Бугарин е згмечен од тогашниот комунистички режим. Таква е ситуацијата.
Ние го поставивме прашањето до Марта Кос. Кога таа изјави дека би сакала да биде „медијатор“ меѓу Бугарија и Северна Македонија – или поточно, понуди свои услуги – веднаш се јавив и реков: Ве молам да не читате повеќе од вашите подготвени текстови од некого и да не се нудите како медијатор, бидејќи не ни треба медијатор. Немаме билатерален проблем. Имаме Преговарачка рамка и заклучоци на Советот. Тие се усвоени од 27 земји-членки – ова е основата. Бугарскиот парламент, исто така, пред неколку дена усвои посебна резолуција во која се наведува дека Бугарија нема никакви дополнителни услови, освен оние дефинирани во Преговарачката рамка. Ова се документите врз основа на кои ќе се одвива пристапувањето на оваа земја кон ЕУ. Отворањето и затворањето на кластерите, проценката на напредокот ќе се врши врз основа на овие документи. Сега од Северна Македонија се вртат, превртуваат, одат во Австралија, Нов Зеланд, САД, Канада, Африка, Азија, Европа, за да објаснат колку е лошо што го усвоиле и како требало да се промени. Тие го губат времето на сопствените граѓани. Нема билатерален спор. Реалноста е дека постои усвоена европска рамка што Христијан Мицкоски не ја спроведува. Тоа е, рече Ковачев.
Тој оцени дека можеби нема друга тема околу која бугарските европарламентарци биле толку обединети.









