Кошта: Тоа што е договорено треба да се испорача, ништо повеќе!

0
32

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок со премиерот Христијан Мицкоски за зацементира политиката на ЕУ за нашата држава порачувајќи дека – усвојувањето на договорените уставни измени останува „единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори“ со Европската Унија.

„Како што кажав и пред една година: Она што е договорено, е договорено. И, треба да се испорача она што е договорено и ништо повеќе од она што е договорено“, рече Кошта на заедничката прес-конференција.

„Она што е договорено во 2022 треба да се испорача. Ништо повеќе. Сето тоа е нормален процес на проширување. Тоа е процес на заслуги, и тоа истото го прават и другите земји-кандидати“, дополни Кошта, избегнувајќи овојпат да зборува за гаранции.

Тој нагласи дека Европската Унија останува најважен партнер на Македонија и на Западен Балкан, но дека нашиот следен чекор кон членството зависи од исполнувањето на веќе преземените обврски.

„Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците.Единствен начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите и преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи“, истакна Кошта.