Кој дава дозвола за користење пиротехника? Во прописите одговорност има за клубовите, но и за МВР

0
788

По пожарот што избувна синоќа во ноќен клуб во Кочани, каде што загинаа 51 лице, а преку 100 се повредени, во јавнота се отвора прашањето за употребата на пиротехника во ноќни клубови и кој ги врши проверките.

Законот за заштита од експлозивни материјали на Северна Македонија ги дефинира пиротехничките производи како експлозивни материјали што се користат за ефекти како оган, светлина, звук или чад, покривајќи ги и уредите распоредени во ноќните клубови.

Racin.mk