Кремљ со реакција на изјавата на Трамп дека „Путин целосно полудел“

0
369

Кремљ утрово одговори на зборовите на Доналд Трамп, кој синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „целосно полудел“ и предупреди дека секој обид за освојување на целата украинска територија ќе доведе до „пад“ на Русија.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги поврза изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп по ударот на руските вооружени сили врз украинскиот воено-индустриски комплекс, со „емоционалното преоптоварување кое е карактеристично за сите учесници во преговарачкиот процес“.

Руската војска изврши масовен напад врз украинскиот воено-индустриски комплекс во неделата навечер, соопшти руското Министерство за одбрана.

Путин „убива многу луѓе непотребно, и не зборувам само за војници. Ракети и беспилотни летала се испукуваат врз градовите во Украина без причина“, рече Трамп.

„Секако, во исто време и процесот на преговори. Ова е многу важен момент, кој, секако, е поврзан со емоционалното преоптоварување на сите, апсолутно, и со емоционалните реакции. Внимателно ја следиме целата реакција“, изјави Песков за новинарите.

Тој, исто така, истакна дека Путин ги донесува „оние одлуки што се неопходни за да се обезбеди безбедноста на нашата земја“.