Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје

0
127

Силни политички реакции се отворија во пресрет на најавениот протест на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг. Едното од трите крила на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот, оценувајќи го како „одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна“.

Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, порачуваат од таборот на Таравари.