Кучето кое со автомобил беше влечено по автопат во Крива Паланка е донесено во ЈП Лајка – ќе му биде обезбедена целосна нега

0
432

Кучето од Крива Паланка кое беше малтретирано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП Лајка. Во моментов, како што соопштија од претпријатието, тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сè што е потребно за неговото заздравување.

Благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавија случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекоа од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедија итна грижа и стабилизација. Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно – се вели во соопштението.

Секое малтретирање на животни, од ЈП Лајка велат дека мора да се пријави – веднаш и без исклучок.

– Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори. Одговорноста е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено – се додава во соопштението.