Независните кандидати на изборите ќе учествуваат со собрани два потписа

0
436

Само два граѓански потписа ќе бидат неопходни за да може независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на локалните избори во октомври годинава. Оваа можност ја предвиде новиот правилник кој државната изборна комисија го донесе вчеравечер со шест гласа „за“ и еден „против“.

Таквата потреба произлезе заради правната празнина што настана откако уставниот суд во мај годинава укина две одредби од законот за изменување и дополнување на изборниот законик, кои го одредуваа бројот на потписи што треба да се соберат кога подносители се група избирачи, односно граѓански инцијативи. Од „Шанса за Центар“ дека и покрај намалувањето на прагот за учество на изборите продолжуваат до собирањето потписи за формирање на политичката платформа „Независни Заедно“

Овој правилник ќе важи САМО за овие избори. Не сакаме повеќе неизвесност „пет до дванаесет“. Ќе продолжи примената на членот од законот според кој независните групи ќе бидат претставени само со имињата на носителите на листите, наместо со називот на групата, односно ќе стои „група избирачи“ и името и презимето на носителот на листата. Ова отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите.

Постои можност наместо јасна листа за гласање, да добиеме тетратка со голем број имиња, каде партиите ќе бидат најгоре, а под нив ќе следат долги списоци со имиња.

Од платформата „Независни Заедно“ пак пред некој ден излегоа „Независни за Карпош“ кои одлучија да продолжат самостојно за изборите наесен.Во Битола пак за градоначалничката позиција ќе се бори и Претседателката на сегашниот Совет, Габриела Илиевска од иницијативата „Поинаку“, ја најави својата кандидира за и сака да ја ослободи како што пишува Битола од канџите на политичкото уништување на градот.

После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки еве да расчистиме!

Ве повикувам сите Битолчани, без разлика дали сте симпатизери или членови на било која политичка партија, гласачи досегашни на било која политичка опција, досегашни “негласачи”, Сите кои сакате да живееме во Поубава, Почиста, Непартиска, Независна Битола.

Да ме поддржите за независен , кандидат за ГРАДОНАЧАЛНИК и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот.

Или СИТЕ заедно против партиското уништување на Битола или ќе му остајме да не уништуваат. Без уцени за работни места! Без уцени за тендери! Без уцени за директори!

Без заплашувања, прв пат Битола ќе има шанса да одлучи кој ќе ја води во следните 4 години!

Новиот правилник од државната изборна комисија е изгласан потпирајќи се на член 63 од Изборниот законик, иако Уставниот суд претходно го укина членот 62 кој го регулираше бројот на потребни потписи, според кој независните кандидати мораа да обезбедат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во општината.