Локни крв и усмртена крава на патот кон Деве Баир. Напната и крвава акцијата за одземање добиток од страна на АХВ

0
188

Јулијана Ѓорѓиевски прати соопштение до Глас.мк во кое вели дека додека ги напасувале стадото крави во Крива Паланка била спроведена акција од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство со асистенција на МВР..

При акцијата животните беа собирани од паша и оттурнувани кон патните правци, што предизвика паника и неконтролирано движење на добитокот при што една крава барајќи го телето била удрена од товарно возило и усмртена.

За тоа Јулијана прати неколку фотографии каде се гледа усмртената крава и локни крв

Подолу е целата реакција на Јулијана

Постоеше реален ризик за јавната безбедност.

Јас се наоѓав на терен како и секој нормален ден. Додека се движев со мојот автомобил, забележав неколку крави кои се упатуваа кон кејот на Крива Река. Го запрев возилото и се упатив да ги вратам кон ридот, со единствена цел да спречам можна сообраќајна несреќа или штета. Успеав да ги тргнам околу 100–200 метри.

Кога се враќав кон мојот автомобил, бев пресретната од двајца полициски службеници кои ми наредија да не мрдам и ми соопштија дека сум лишена од слобода. На прашањето зошто, ми беше одговорено: ‘Ќе видиш во станица.’ Бев задржана од 9:30 до 15:00 часот.

Во меѓувреме, при акцијата беа одвоени мајки од телиња. Тоа предизвика дополнителен стрес и паника кај добитокот. Околу 18:00 часот, една крава која лутала по магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, барајќи го своето теле, беше удрена од товарно моторно возило и усмртена на лице место. Возачот го напуштил местото на настанот.

Прашувам јавно:

– Кој ја презема одговорноста за ваквиот исход?
– Дали постои јасен протокол при вакви акции за да се спречи ризик по јавната безбедност?
– Зошто се одвојуваат мајки од телиња, знаејќи дека тоа предизвикува панично однесување?

Јас не бегам од институции, ниту од соработка. Барам законито постапување, транспарентност и заштита и на луѓето и на животните. Денес имаме мртво животно, семејна штета и сериозен ризик за безбедноста на граѓаните.

Ова не е само прашање на добиток. Ова е прашање на одговорност

Околу 18:00 часот, една крава која лутала барајќи го своето теле по магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир кај што беше бркано телето, таа барајќи го своето теле, беше удрена од товарно возило и усмртена. Возачот го напуштил местото на настанот.

Сметаме дека ваквиот начин на спроведување акција создаде ризик и директни последици.