МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ СО ПОДОБРА ПОЗИЦИКА, ВО КОИ СЕ ЗЕМЈИ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА

0
393

Henley Passport Index е официјалниот и најавторитетен глобален индекс кој ги рангира пасошите според бројот на дестинации што нивните носители можат да ги посетат без претходна виза или со виза при влез..
Индексот се базира на ексклузивни податоци од

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) и ги опфаќа сите 199 валидни пасоши и 227 дестинации ширум светот. Henley Passport Index постои веќе 20 години и се смета за најреферентен во светот кога станува збор за глобалната мобилност.

Ранг-листата се составува двапати годишно, во јануари и јули, а индексот се ажурира врз основа на промените во визниот режим, билатералните договори и меѓународните односи. Колку повеќе земји може да се посетат без виза, толку е „посилен“ пасошот.

Патувањето без визи е една од најголемите предности на модерното глобално општество. Секој патник знае дека силата на пасошот кој го поседува може значително да ги олесни или ограничи неговите можности за патување, бизнис, студии или авантури низ светот.

Henley Passport Index е официјалниот и најавторитетен глобален индекс кој ги рангира пасошите според бројот на дестинации што нивните носители можат да ги посетат без претходна виза или со виза при влез.

Индексот се базира на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) и ги опфаќа сите 199 валидни пасоши и 227 дестинации ширум светот. Henley Passport Index постои веќе 20 години и се смета за најреферентен во светот кога станува збор за глобалната мобилност.

Ранг-листата се составува двапати годишно, во јануари и јули, а индексот се ажурира врз основа на промените во визниот режим, билатералните договори и меѓународните односи. Колку повеќе земји може да се посетат без виза, толку е „посилен“ пасошот.

Во второто рангирање за 2025 година, македонскиот пасош се најде на 38-мо место во светот, што го позиционира како релативно силен документ во споредба со регионот, но и со останатиот дел од светот. Тоа значи дека имаме подобрување од две места во споредба со претходното рангирање, со 130 достапни дестинации без виза, според податоците од Henley Passport Index на чија листа од 99 земји Сингапур е сè уште на врвот. Ова го прави македонскиот пасош најсилен досега во последните неколку години и го позиционира во горната половина од светските пасоши.

Македонскиот пасош овозможува безвизен пристап или виза на влез во голем број земји од Европа, Јужна Америка, делови од Азија, Африка и Океанија. Најзначајна придобивка е безвизното патување во сите земји од Шенген-зоната, што овозможува слободно движење низ 25 европски држави до 90 дена во период од шест месеци.

Покрај тоа, македонските државјани можат да патуваат без виза во Турција, Израел, Јапонија (со одредени услови), Јужна Кореја, Бразил, Аргентина, Чиле, Јордан, Малезија, Сингапур, Индонезија, Јамајка, Јужна Африка и уште многу други земји. Во дел од земјите се добива виза при влез, што значи дека не е потребна претходна апликација.

И покрај напредокот, македонскиот пасош сè уште има некои ограничувања. Македонските државјани мора да аплицираат за виза за влез во САД, Канада, Велика Британија, Австралија, Кина, Индија и некои африкански и азиски држави. Овие земји имаат строги визни режими и процесот за добивање виза може да биде долг и бара многу документација.

Исто така, безвизното патување во Шенген-зоната е ограничено на 90 дена во период од шест месеци и не овозможува работа или долгорочен престој без дополнителна дозвола.

Според истиот индекс, Србија е подобро позиционирана од нас на 34-тотот место, Босна и Херцеговина ја зазема 42-та позиција, а Црна Гора е на 40-та позиција, додека Хрватска и Словенија го делат деветтото место. Сингапурците сè уште го имаат најмоќниот пасош во светот, со безвизен пристап до 193 дестинации од вкупно 227. На второ место се Јапонија и Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации, додека третото место го делат седум членки на Европската Унија – Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија и Шпанија, со по 189 дестинации.

Велика Британија и Соединетите Американски Држави, кои претходно беа меѓу земјите со најмоќни пасоши во светот (Велика Британија во 2015 година и САД во 2014 година), забележаа пад и сега се на шестото и десеттото место, соодветно.

Британскиот пасош овозможува пристап до 186 земји, додека американскиот пасош важи за 182 дестинации. На дното на листата е Авганистан, на 99-то место, чии граѓани можат да патуваат без виза само до 25 дестинации. По нив следуваат Сирија на 98-та позиција со 27 дестинации и Ирак на 97-мо место со пристап до 30 земји.