Меџити: Бујар Османи има најмалку морално право да зборува за дивоградби, зашто живее во дивоградба

0
183

Првиот вицепремиер Изет Меџити смета дека дивоградбите во Чаир нема да бидат голема тема на претстојните локални избори. Тој како кандидат за градоначалник на Чаир му порача на противкандидатот од Европскиот фронт и екссопартиец Бујар Османи дека тој има најмалку морално право да зборува за дивоградби бидејќи и самиот како функционер изградил дивоградба во Чаир, која потоа била легализирана.

Добро е Бујар Османи пред да зборува за дивоградби да каже дека живее во дивоградба. Куќата која е изградена од него, е изградена како дивоградба и е легализирана. Тој најмалку има морално право да зборува за тоа. И да е легализирана сега, куќата беше изградена како дивоградба. Тој цело време беше министер, беше на неколку функции, има легализирана дивоградба, а сега зборува за дивоградбите на обичните граѓани, на социјалните случаи кои немаат други можности – вели Меџити.

Тој не смета дека дивоградбите во Чаир ќе бидат голема тема во изборната кампања и како што вели, ќе има мораториум за дивоградбите