Милошоски откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преименува мигрантите во „економски работници“ за да ги сокрие договорите,

0
172

СДСМ со остро соопштение реагираше на вчерашните изјави на Антонио Милошоски, тврдејќи дека со неговите зборови е „разоткриен“ планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија под изменет статус и ново име – „економски работници“. Според владејачката партија, тоа е дел од поширок проект, кој го споредуваат со моделот на претседателот Вучиќ во Србија.

Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен“, се наведува во соопштението. Од СДСМ сметаат дека најавите од британските медиуми се само првиот сигнал, а дека вистинската потврда дошла лично од Милошоски, кој во интервју објаснил дека странските работници „немаат врска со мигранти и азиланти“.

Според СДСМ, ова е суштината на планот:
– мигранти ќе се внесат, но под нов статус,
– ќе се третираат како „економски работници“,
– ќе им биде овозможена работа, сместување и долгорочен престој.