ЗЕМАЛ ПЛАТА НЕ ОДЕЛ НА РАБОТА И ЌЕ БИДЕ АМБАСАДОР?“ РЕАКЦИЈА НА Најчевска за назначувањето на Фетаи

0
14

Рекција пристигна од професорката Мирјана Најчевска на назначувањето на Арбен Фетаи на амбасадорско место во Брисел. Таа на социјална мрежа реагира заради тоа што тој наместо да одговара за тоа што земал плата а не се појавил со месеци на работа, тој доби друга функција.

„Значи некој кој ја злоупотребил службената должност и кој ја изложи на потсмев Владата на Македонија ќе ја претставува државата во Брисел?

Тие од јавно здравје кои не оделе на работа а земале плата ќе ги гони јавен обвинител а министерот кој не одел на работа а земал плата ќе биде амбасадор.

Ма навистина сте безобразни во својот криминал.

И нахални.

Не убивте бре.

Ама стадо овци и за тоа служи – за убивање“, напиша Најчевска.