Министерството за транспорт со обемни контроли, одземени голем број лиценци

0
299

По страотната трагедија во Кочани, владата под лупа ги става сите издадени лиценци од било кој тип кои ги издаваат министерствата или било која државна институција. Министерот за транспорт и врски Александар Николовски вели дека ќе бидат прочешлани издадените лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Николовски вели дека законите во делот на конролата не се јасни и денеска најави законски измени во тој дел. Контролата покажала мдека од досега проверени 643 лиценци од вкупно издадени 1100 кај 97 компании се утврдени неправилности и им се одземени лиценците за работа.

„На 13 фирми кои се занимаваат со градежништво и имаат право да градат брани, автопани, далноводи, државни објекти, министерства, влада им е одземена лиценцата и не смеат веќе да градат. На 34 правни лица им е одземена лкиценцата за Б изведувач, тоа се 34 градежни компании кои се заниомаваат со се што е градба во државата надвор од се што досега спомнав, односно надвор од овие врвни државни објекти. За мене ова е најосетливо и ќе излеземе со имиња само да јуа завршиме постапката.“ – Александар Николовски министер за транспорт и врски.