Митко Јанчев одликуван со орден за заслуги од Зеленски

0
201

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев се најде на листата одликувани личности со орден за заслуги од трет степен, од претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Оваа, но и неколку други државни награди, се доделуваат за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворната дејност, како и за популаризацијата на државата во светот.