Митовски до градоначалникот на Софија Атанасов: Во најтешките мигови се познава вистинскиот пријател

0
206

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски преку објава на социјалната мрежа Facebook му се заблагодари на неговиот колега градоначалникот на Ќустендил инж. Огњан Атанасов за несебичната помош од Бугарија во гасењето на пожарите што го зафатија реонот на Крива Паланка.

„Во најтешките мигови – се познава вистинскиот пријател. Од срце му благодарам на мојот колега и пријател, градоначалникот на град Ќустендил-Р.Бугарија за искрената поддршка, навремената помош и неговото лично присуство во борбата со огнената стихија која ја загрози Крива Паланка. Овој момент, оваа фотографија – сведочи за солидарноста што нема граници. Благодариме Ќустендил – како едно да сме во она најважното: човечноста, стои во објавата на градоначалникот Митовски.