Мицкоски во Кочани одби да збори за пожарот во Пулс: До него стоеше само Миле Лефков

0
402

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со досегашниот тек на случајот со пожарот во Кочани, по пет месеци од трагедијата во која загинаа 62 лица, истакна дека остава на обвинителско-судските органи да ја завршат процедурата.

Јас се воздржувам да коментирам изминатиов период и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата. Колку што знам покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, така што не би сакал дополнително да коментирам, одговори Мицкоски во изјава за медиуми, по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани.

Обвинителството го поднесе обвинението за пожарот во Кочани на 13 јуни. Во него се обвинети 34 лица и три фирми. Надлежноста ја презема Кривичниот суд откако беше утврдено дека во основниот суд во Кочани.