Во ДУИ очигледно владее голема нервоза од она што се случува во државава, па и не чуди што периодов повторно шират етнички тензии и за многу прашања наметнуваат етнички предзнак.
Ваквата тактика на интегративците според премиерот Мицкоски не е изненадување во услови кога повеќе функционери од ДУИ се под истрага. Тој испрати порака до Ахмети дека е подобро да се вратат на џогирање на падините на Водно за да им се рабистрат умовите за квалитетни идеи…
Сум ги слушнал јас тие обвинувања од Демократската унија за интеграција кои кога се само во Влада тогаш можат да се размавнат космополитиски, во наводници се разбира, а кога се во опозиција се обидуваат да наметнуваат ваков тип теми во јавноста. Но, ние работиме и докажавме дека работиме неселективно и така и ќе продолжиме. За оваа Влада секој квадратен километар од речиси 26 000 квадратни километри (колку што зафаќа територијата на државата, односно 25 713 километри квадратни н.з.) е важен без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Без разлика дали таму градоначалникот е од ВЛЕН, од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ или ДУИ или СДСМ или некој независен, нашиот интерес се граѓаните и така и ќе продолжиме“, рече МИЦКОВСКИ









