Му се слоши на газдата на Пулс- Деко, брза помош на судeњето за Кочани во Идризово

0
326

Денеска на судењето во Идризово за пожарот во дискотеката Пулс, интервенираше Брзата Помош, која била повикана поради нарушеното здравје на прво обвинетиот, газдата на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко.

Докторите дојдоа за време на паузата на судењето. Претходно адвокатката на Дејан Јованов Деко, побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Таа рече дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот кој денеска бил спроведен од болница со отворена рана по оперативен зафат.

 

Извор Телма