МПЦ-ОА замолува за достоинствено однесување на погребите на загинатите во пожарот во Кочани

0
204

Од МПЦ-ОА велат дека на погребот во Кочани, кој е закажан за 12 часот, ќе чиноначaлствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а со него на опелата ќе сослужуваат и повеќе владици.

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-OA) упатуваат апел за достоинствено и христијанско однесување за време на денешниот ден кога ќе бидат погребите на 59 загинати од пожарот во Кочани.

Од МПЦ-ОА велат дека на погребот во Кочани, кој е закажан за 12 часот, ќе чиноначaлствува архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а со него на опелата ќе сослужуваат и повеќе владици.

Погреби ќе има на повеќе места, како Скопје, Кочани, Штип, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица.