НАМЕСТО ДА ГО НАМАЛИ СЕЈФ СИТИ ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ВЕРИЖНИ СУДИРИ, ЛУЃЕТО ПОВЕЌЕ ГЛЕДААТ ВО ТАБЛИТЕ ОТКОЛКУ ВО ПАТОТ

0
894

„Сејф Сити“ сепак како и што се очекуваше ја намали бројката на сообраќајни незгоди со тешки последици, но податоците покажуваат дека е зголемен бројот на верижни судири низ Скопје. Од Брзата помош велат дека откако стартуваше пробното функционирање на системот за следење и казнување сообраќајни прекршоци, регистрирани се повеќе повици за сообраќајки со лесни повреди, во кои учествувале по неколку возила.

Причината, велат од Брза помош, е што возачите наместо да се концентрираат на патот, го забиваат погледот во брзинометарот, стравувајќи да не ја надминат дозволената брзина што ја следи системот, објави телевизија Сител