Националната алијанса за интеграција“ на Ахмети и АА на Таравари и Села изготвува „Заедничка албанска плаформа“ за „зачувување на албанскиот идентитет

0
292

Генералниот секретар на Албанската национална алијанса за интеграција Блеранд Рамадани во емисијата Рубикон на ТВ Клан Косово ги објави првите три точки од седумте точки, кои се очекува да ги има „Заедничката албанска платформа“ на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, во која членуваат ДУИ на Али Ахмети и крилото во АА на Арбен Таравари и крилото во АА на Зијадин Села. Ова го објави весникот на албански јазик „Коха“.

Весникот натаму наведува: „Постои консензус и тоа го оправдува нашето дејствување како Алијанса за Албанците зошто ја напуштивме Владата и зошто се приклучивме на заедничкиот албански фронт што ќе се нарече Национална алијанса. Претходно ја нагласив потребата тамошните Албанци да се соберат околу заедничка платформа. Досега претставивме три точки на Заедничка албанска плаформа: првата е зачувување на националниот идентитет и на традиционалните албански вредности, втората е економски развој и третата е образованието и културата.“ – изјави Блеранд Рамадани.

„Тој додаде дека се на прагот на подготовка на точките 4, 5, 6 и 7 од Заедничката албанска плаформа. Рамадани рече дека ова е политичка ориентација што ќе се материјализира преку извршните институции и општините.“