Најмалку 70 луѓе загинаа во Етиопија откако преполн автобус падна во река

0
230

Најмалку 70 луѓе загинаа во Етиопија откако преполн автобус падна во река, соопштија властите во јужниот регион Сидама.

Трагедијата се случила во областа Бона.

„Преживеаните добиваат медицинска помош во централната болница во Бона“, се вели во соопштението.

Етиопската државна телевизија објави дека луѓето во автобусот патувале на свадба.

Во 2018 година, 38 лица загинаа во таа држава, повеќето студенти, откако автобус падна во провалија.