На Билјана Ивановска и затропала полиција на врата откако се кандидираше за градоначалник на Центар

0
490

Билјана Ивановска, поранешната прва антикорупционерка во државата, објави дека по 11 часа откако „Независни заедно“ ја кандидраше за градоначалник на општина Центар, во вечерните часови и затропала полиција на врата за да и врачи кривична пријава.
Таа вели дека е поканета на разговор во Обвинителството на 19 август. Таа вели дека штом дознае за што станува збор, веднаш ќе ја информира јавноста.
„По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалник на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата.
Синоќа во 20:30 двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август.

Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со Независи заедно е отпор против воспоставените анти-вредности на коруцпија и клиентелизам кои не доведоа до оваа ситуација.

Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот.

Јас навреме ќе ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако адреса на информирање е и Обивнителството како е надлежна институција“, објави Ивановска.
Инаку Ивановска како претседателка на Државната комисија за спречување корупција од претходниот состав, има висок рејтинг во јавноста како ретка личност со интегритет, а реакциите одеа дотаму дека требало да се кандидира за градоначалник на Скопје, наместо на Центар.