На Фејсбук се шири лажна објава за наводен бесплатен градски превоз во Скопје, ЈСП апелирира граѓаните да не наседнуваат

0
208

Сомнителна фејсбук-страница денеска објави лажна содржина во која се наведува дека Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ им нуди на граѓаните транспротна картичка во ограничен број со која за симболични 120 денари ќе добијат шестмесечен бесплатен градски превоз во главниот град.

Содржината е објавена на фејсбук-страницата именувана како „Јавен превоз Скопје“, а дека станува збор за обид за измама може да се препознае и по поводот поради кој ЈСП „Скопје“ наводно ја нуди транспортната картичка.

Во чест на својот 80-ти јубилеј, JSP Skopje (ЈСП Скопје) нуди ограничена транспортна картичка. Уживајте во бесплатни возења 6 месеци за само 120 денари! Освојте нова карта и користете ги сите видови транспорт во Скопје и неговата околина без ограничувања за само 120 денари за 6 месеци! Побрзајте, ќе има само 500 уникатни картички по оваа специјална цена!“, се вели во објавата.

Имено, ЈПС „Скопје“ воопшто не слави 80-годишен јубилеј. Доколку тоа беше случај, тоа значи дека претпријатието е основано во 1945 година.

Но, од историјата на претпријатието, која може да се прочита и на официјалната веб-страница на ЈСП „Скопје“, јасно стои дека тоа е основано во 1948 година и 80-годишниот јубилеј ќе го слави за три години, односно во 2028 година.

на лажната фејсбук-страницата е поставен линк, за наводни дополнителни информации.

Граѓаните кои ќе наидат на објавата во никој случај да не го отвораат наведениот линк.

Инаку, покрај текстуалниот дел, како дел е од содржината на објавата е објавена и фотографија со картичка „Скопска“ на која е даден натпис „6 месеци бесплатно“, што е очигледен факсификат