Независниот канидат за Општина Могила, Сашо Пивковски ја повелку својата кандидатура за Градоначалник на Општината во вториот круг.
Според него ова е најдобрата одлука која можел да ја донесе за доброто на општината и граѓаните.
„Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите.“ – пишува Пивковски.
Тој својата поддршка ја дава на ВМРО-ДПМНЕ, неговата матична партија.
По неговото повлекување, останува само кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Могила, Драганчо Саботковски.









