Нема слободен термин за рендген

0
333

Не само што нема слободен термин, туку и итните упати за рендген не функционираат. За ова алармираше матичниот лекар Драган Ѓорѓиевски, кој истакна дека возилата на Брзата помош се преполни со пациенти заболени од грип, бронхитис или пневмонија, но за жал не можат да дојдат до упут за снимање.

Почнав во најблиската поликлиника „Јане Сандански“. Клиниката за радиологија ги блокираше итните упати. Истата ситуација е и во општата болница „8 Септември“. Ги проверив сите поликлиники Идадија, Букурешт, Чаир, Бит Пазар – ниту една не прифати итни упати“, вели др. Ѓорѓиевски.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека нема информации за дефект на рендген, но се согласува дека поради нефункционалноста на секундарниот здравствен систем, пациентите се соочуваат со гужви и недостиг на термини.

„Немам информации дека никаде не работи апаратот, доколку има информации мора веднаш да се реагира и да се преземат мерки. Се согласувам дека повеќето пациенти се праќаат во терцијарно здравство, поточно во детска клиника, што не е во ред. Односно во Македонија функционира примарното и терциерното здравство, но имаме проблем со секундарното. Се надевам дека со децентрализацијата ќе се уреди оваа работа, дека ќе се инсистира таму да се задржат пациентите кои можат да се лекуваат во примарната и секундарната медицина“, рече Таравари.

Лекарите од примарната здравствена заштита со кои контактираше Алсат ни рекоа дека во февруари почнуваат слободните термини за рендген во повеќето установи. Министерот Таравари рече дека заедно со претставници на системот „Мој термин“ одржале состанок со цел да се обезбеди повеќе простор за прегледи на пациентите и што е можно повеќе термини.