Од Националната алијанса за интеграција го обвинија првиот човек на Општина Тетово за како што посочија неуспехот во врска со решавање на проблемот со паркинг просторот.
Подолу е целото соопштение на партијата
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,Денес сме тука да разобличиме уште една измама и голем неуспех на градоначалникот во заминување, Билал Касами.
Во 2021 година тој им вети на граѓаните дека за само 6 месеци ќе изгради 7 катни гаражи. Денес, по четири години, Тетово нема ниту една нова гаража. Празно ветување кое ја покажува вистинската слика на овој лош општински менаџмент.
Градоначалникот во заминување не изгради ниту еден нов паркинг. Напротив, постојните паркинг-места, како овој тука каде што сме денес, ги направи со наплата, без да понуди никакво решение.
Како последица, се зголемија само трошоците на жителите и граѓаните.Исто така, градоначалник во заминување вети дека паркингот во градот ќе биде бесплатен сè додека не се реши проблемот со јавните паркинг-простори. Што имаме денес?
Граѓаните на Тетово плаќаат 40% повеќе за зонско паркирање и за затворените паркинзи. Значи, од една страна празни ветувања, а од друга страна директен удар врз џебот на граѓаните.Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Градски паркинг“ работеше со загуба секоја година, четири години по ред – или вкупно над 25 милиони денари загуба.
Овие загуби се покриваат со парите на тетовските даночни обврзници, односно од буџетот на Општина Тетово, за дејност која најчесто се сведува на казнување на граѓаните.
Тоа значи дека тетовци плаќаат двапати: еднаш кога плаќаат казни, и вторпат кога преку своите даноци и такси ги покриваат загубите на претпријатието. Ова е чиста институционална хипокризија и тотален неуспех.А која е причината за овој неуспех? Затоа што парите на граѓаните не одат за подобри услуги, туку за фиктивни плати и одбори.
Во 2024 година трошоците за плати и надоместоци значително се зголемија – јасен знак дека се вршеле непотребни вработувања за партиски милитанти на БЕСА и ВМРО, бидејќи ова претпријатие веќе 4 години се менаџира од кадар на ВМРО.Значи, граѓаните плаќаат повеќе, претпријатието тоне во долгови, а партиските милитанти се наградуваат со работни места. Ова е моделот на градоначалникот во заминување Билал Касами, измами, пљачка и партиско заробување на јавните институции.
Соопштение на НАИ









