Нови детали за трагедијата во Кочани: Дискотеката била затворена од УЈП во декември – кој дозволил повторно отворање?

0
423

Синоќешната емисија „Код“ на Телма телевизија објави шокантни нови детали.

Според истражувањето на „Код“, фирмата „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, која управувала со дискотеката, имала блокирана сметка уште од 7 ми месец 2024 година.

Според информациите на КОД инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), последен пат на 21 декември 2024 година извршиле контрола во објектот и утврдиле дека не се издаваат фискални сметки.

Поради тоа, сопственикот бил санкциониран, а дискотеката затворена и запечатена, наведуваат новинарите од КОД.

Оттука, останува непознаница како овој локал повторно започнал со работа.

Кој го отворил повторно дискотеката? Дали некој во институциите замижал пред
нерегуларностите? Кој дозволил објектот, запечатен од УЈП, повторно да прима гости?

Ова се само дел од клучните прашања кои бараат итни одговори.