Референдумска можност за отповик на градоначалник, воведување на комунални редари и поголема вклученост на граѓанскиот сектор се главните постулати во измената на Законот за локална самоуправа.
Ресорниот министер, денес од Штип истакна дека законската рамка, стара две децении бара модернизација и усогласување со актуелните потреби на граѓаните и можностите на општините.
Според експертите, промените во стариот закон се насочени кон три клучни области.
Измените на Законот за локална самоуправа според штипскиот градоначалник пак, се во насока на подобрување на ефикасноста и автономијата на локалните власти, подобрување на услугите за граѓаните, како и јасно дефинирани надлежности.
Се очекува овие измени да обезбедат подобра организираност, ефикасност и поголема транспарентност во работењето на локалните самоуправи, како и да им овозможат на граѓаните и локалните заедници поголема контрола и влијание во процесите на одлучување.









