Околу сто деца се примени во болницата Козле, од кои шест се во критична состојба

0
598

Сезонскиот грип го достигнува својот врв. Многу граѓани ги поминуваат празниците во болниците. Клиниката за детски белодробни заболувања во Козле, Скопје, работи со полн капацитет.

Ходниците се полни со родители и деца кои се жалат на долгото чекање.

Во текот на викендот, само во оваа болница биле прегледани околу 800 пациенти, што е невообичаено висок број за 48 часа.
Педијатарката Елена Ѓиновска-Тасевска изјави дека вчера биле лекувани околу 150 деца. Бројката и денес расте, при што околу 100 деца се хоспитализирани, од кои 6 се на апарати за кислород.

„Грипот го достигна својот врв, па затоа најчестите симптоми се зголемена телесна температура, намален апетит и кашлица. Капацитетот во моментов е навистина полн, останаа само неколку слободни кревети. Околу сто деца се хоспитализирани, од кои шест со потешка клиничка состојба се на кислородна поддршка.

Останатите се во стабилна состојба и во моментов имаме само неколку места што ги чуваме за поитни случаи за кои може да биде потребен болнички третман“, рече Ѓиновска-Тасевска