Опасност од излевање на Вардар и Треска – внимателно движење покрај реките

0
165
Screenshot

Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утрово се очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска и предупредуваат на внимателно движење покрај реките.

Од УХМР велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки. Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи. Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.